бојан стојановски
Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Архива

Стојановски: Договорот со Обединетото Кралство ќе биде јавен, следната недела влегува во собраниска процедура

Договорот потпишан со Обединетото Кралство следната недела ќе биде во собраниска процедура и ќе биде јавен за сите, соопшти вечерва пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојановски во гостување на телевизијата „Сител“ рече дека сè ќе биде јавно и транспарентно.

– Овој договор нема да биде како овие договори досега во четири очи, туку се ќе биде јавно и транспарентно, секој милиметар и секоја буква од тој договор и оние што ќе следат во иднина ќе бидат јавно претставени на јавноста и ќе бидат доставени во Владата и во Собранието, затоа што сметаме дека јавноста го заслужува тоа. Ние немаме што да криеме во договорите – рече Стојаноски.

Договорот вчера во Лондон го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас. Средствата обезбедени од овој договор ќе се користат за инфраструктурни проекти во железницата, здравството и образованието.

Пред потпишувањето на договорот, македонската Влада го усвои текстот на Договорот откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер на Самитот на Европската политичка заендица во Тирана, постигнаа согласност за стратешко партнерство.

Од опозицијата излегоа со забелешка за нетранспарентност за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот