Фото: скриншот, фејсбук

Стојанче од Стајковци, успешниот студент по медицина е всушност познат порно актер од Шпанија

Деновиве „Вистиномер“ анализирал вирална објава на Фејсбук, на која се гледа човек во бел мантил и гласи:

Стојанче Михајловски од Стајковци, Скопје, го освои првото место по медицина на Европското натпреварување за студенти по медицина и фармација. Ниту еден медиум во Македонија не ја објави оваа вест затоа што татко му е трговец и сопственик на пекара. А самиот Стојанче учествувал и во велосипедска тура до Стразбур.

Срами се, Македонијо!

Кога ја анализирале, објавата имала 7.000 реакции, над 1.000 коментари и 220 споделувања, а во коментарите сите му честитаат на „младиот Стојанче“.

Од „Вистиномер“ на Гугл побарале информација за наводниот европски натпревар за студенти по медицина и фармација, но такво нешто не успеале да најдат.

Но, со пребарувањето успеале да го најдат вистинскиот човек од фотографијата за кој се тврди дека е Стојанче од Стајковци – станува збор за познат порно актер од Шпанија.

Фотографијата, доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека се појавува на Фејсбук во март 2020 година, на која е претставен како венецуелски доктор кој пронашол вакцина против ковид-19.

Фотографијата ја има на Фејсбук и на 8 април 2020 година и на 28 април годинава, а ликот претставен во објавите е д-р Аквилс Баеза Вергарач.

 

Тој е д-р Аквилс Баеза Вергара, штотуку почина по 6 дена без одмор во болницата Ла Раза во ЦДМХ. Тој успеа да излечи многу луѓе од коронавирус по цена на својот живот, по потекло од Тлаксала. Никој нема да сподели затоа што тој не е фудбалер, политичар или рок ѕвезда.

Сајтот за проверка на факти Колумбијачек ја дебанкирал оваа вест во јуни 2020 година.

Уште еднаш, фотографија на познатиот шпански порно актер Анхел Муњоз, познат како „Жорди Ел Нињо Пола“, човекот со илјада лица и илјада професии (на социјалните мрежи го претставуваат како лекар, инженер, заменик , судија, стипендист, внук на Андрес Фелипе Аријас), се користи во колумбиските социјални мрежи за генерирање дезинформации, пишува Колумбиачек.

И сајтот Малдита.ес разоткрил вест поврзана со ликот на порноактерот во март 2020 година и пишува дека тој уште бил претставен како човекот кој ја измислил вакцината против Н1Х1 грипот.

Ликот од фотографијата се појавил и во 2021 година како Михаил од кичевско кој нашол ефикасен лек против коронавирусот, а Вистиномер ја дебанкираше и таа вест.

Заклучокот е дека Стојанче од Стајковци не постои, а уште помалку дека победил на некаков европски натпревар за студенти по медицина и фармација. Ова не е прва објава во која се споделуваат фотографии од порноактери кои лажно се претставени како нашинци со цел да се користат за манипулации со емоции. Ваквите измами на социјалните мрежи се многу честа појава, а луѓето ги споделуваат овие лажни вести без претходно да проверат за што станува збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот