Јагне: Denis Abramov / Sputnik / Profimedia

Сточари од штипско и радовишко се незадоволни, им останале непродадени јагниња

Сточарите од Плачковичкиот регион во штипско и радовишко реагираат дека нема откуп на јагнињата.

Усеин Алиов, сточар од штипско, за МИА вели дека во неговото бачило се уште има јагниња кои не се откупени, поголем дел од нив веќе и пораснале, односно ја надминуваат тежината која ја бараат откупувачите. Смета дека цената во кланиците од 220 до 230 денари за килограм жива мера е неисплатливо за нив, додека приватните откупувачи има нудат цена од 300 денари за килограм, но во тој случај ќе ги изгубат субвенциите.

-Имам 500 овци, ама нема откуп само се мачиме, јагнињата не ги купуваат оти се големи, а 15 до 20 килограми јагне нема исплатливост да се продаде. Ако ги продадеме приватно, тогаш немаме субвенции. Има приватни откупувачи кои даваат по 300 денари, а во кланица 220 до 230 денари по килограм, рече Алиов.

Кемаил Исмаилов додава дека одгледување е веќе неисплатливо, бидејќи работата со овци е макотрпна, храната за нив е скапа, а цената е ниска за продадено јагне. Лани јагнињата се продаваа по цена од 300 денари за килограм жива мера, со што годинава речиси за една третина е намалена. Сточарите бараат навремен откуп на јагнињата со цел да продолжат да работат, а според нив цената на жива мера јагне треба да биде најмалку 300 денари. Се надеваат дека пред католичкиот Велигден откупот на јагнето ќе се зголеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот