Фото: Screenshot/СДСМ

Стевановиќ на Светскиот ден на здравјето: Обезбедивме најмодерни лекови за многу болести

Задоволство е денеска на 7 април на Светскиот ден на здравјето, пред се да го честитам на сите колеги, здравствени работници, ден кога оддаваме признание на успесите на здравствените работници и соработници, ден кога ја креваме свеста за подобро здравје помеѓу граѓаните. Честа е исто така голема за можноста што денеска ја имам да зборувам на една мала трибина со студентите од медицинските факултети, стоматолошките и фармацевтските факултети во нашата држава. Една многу сериозна тема „Иднината на медицината во рацете на младината. Ќе зборуваме за идните потреби во текот на студирањето, можности за нивното специјализирање, градење кариера, усовршување во нашата држава, но најзначајно е потребата на држава од нив, нивната експертиза, знаење и професионализам, за унапредување на нашето здравство“ изјави Милена Стевановиќ, кандидатка за пратеник на СДСМ.

Таа додаде дека на денешната трибина таа и колегите ќе зборуваат за лични искуства.

„25 години клиничко искуство, кариера која е изградена во нашата држава, можности коишто сум ги стекнала, научила и споделила во текот на моите престои и работа во странство но и пандемиската криза која беше голема непознатост“, посочи Стевановиќ.

Таа дополни дека е значајно да се каже дека пандемијата ги поместила приоритетите во здравството.

„И покрај пандемијата, успеавме да реализираме значајни проекти. Рекорден број на болници и здравствени институции се реконструирани или изградени од почеток. Практично, безмалку целиот клинички кампус, хируршките болници, клиники или операциони сали, и тн“, потенцираше Стевановиќ.

„Обезбедивме најмодерни лекови за многу болести кои претходно не ги ни лекувавме. Планот за иднина е да секој модерен лек го добие секој на кој му е потребен без лимитирање на нивните бројки. Добро здравство не може да има ако немеме болници, лекови и мотивирани здравствени работници.“ заклучи Стевановиќ.

Таа дополни дека стандардот на здравствениот работник е во пораст, аследуваат уште повисоки плати во Македонија

„Планот на веќе постигнатиот и покачен стандард на здравствениот работник е во наредните четири години да обезбедиме уште повисоки плати за здравствените работници, специјалистите во терциерното здравство да имаат плата од 180 илјади денари, во секундарното 120 илјади денари, матичните лекари 90 илјади, медицинските сестри до 60 илјади денари“ изјави Милена Стевановиќ, кандидатка за пратеник на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот