Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Став на францускиот министер за финансии: В. Британија ќе биде најголемиот губитник од Брегзит

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер го критикуваше излегувањето на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ), нарекувајќи го „политичко и економско лудило”.

– Иако некои сектори на француската економија би биле погодени доколку не се постигне трговски договор со Лондон, таквиот исход повеќе ќе и наштети на Велика Британија, предупреди францускиот министер за финансии.

– Британците ќе бидат најголемите губитници од Брегзит, додаде Ле Мер.

Ирскиот министер Мајкл Мартин, пак, рече дека и ЕУ и Велика Британија ја разбираат сериозноста на Брегзит без договор. Тој, сепак, израи оптимизам и надеж дека ќе се постигне договор, имајќи предвид дека преговорите сè уште траат.

Претходно, Мартин предупреди дека Брегзит без договор ќе биде „голем неуспех”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот