Кир Стармер / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Стармер: Велика Британија е на раскрсница, можеме да избереме пристојност или поделба

Британскиот премиер Кир Стармер денеска предупреди дека Велика Британија се наоѓа пред тежок избор меѓу пристојност и поделба, додека се обидува да го спречи порастот на популарноста на крајно десничарската партија Реформа на Велика Британија.

Обраќајќи се пред членовите на Лабуристичката партија на партиската конференција во Ливерпул, Стармер рече дека земјата се соочува со „битка за душата на нацијата“ додека се справува со слабите економски резултати, лошите рејтинзи на Владата и предизвиците од „поделбениот“ лидер на Реформа, Најџел Фараж, пишува АП.

– Велика Британија е на раскрсница. Можеме да избереме пристојност или можеме да избереме поделба. Обнова или пропаст – порача Стармер.

Стармер го критикуваше Фараж за неговите контроверзни политики, вклучително и плановите за депортација на лица што ќе пристигнат во Велика Британија со брод и одземање на правата на легални жители.

По убедливата победа на Лабуристичката партија во јули 2024 година, нејзината популарност нагло опадна. Партијата ветуваше економски раст, но резултатите се разочарувачки, со висока инфлација и скромни економски прогнози. Ова ги попречува напорите за подобрување на јавните услуги и животниот стандард на граѓаните.

Стармер заклучи дека сегашниот момент бара одговорно лидерство и посветеност на економската и социјалната обнова на земјата, без да се следат политики што ги раздвојуваат луѓето и ја поткопуваат заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот