Кир Стармер премиер Велика Британија

Стармер го прекинува престојот во Данска: Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

Британскиот премиер Кир Страмахер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации за нападот во синагогата во Манчестер и го скрати престојот во Данска за самитот на Европската политичка заедница.

Стармер ќе се врати во Велика Британија за да претседава со итен состанок на Кобра за нападот со нож во синагогата. Кобра е комитет за итни случаи на британската влада.

Пред неколку часа, неколку луѓе беа удрени од автомобил, а еден маж беше избоден со нож пред синагога во Манчестер.

Осомничениот беше застрелан од  полицијата, но се верува дека е жив по нападот пред синагогата Хитон Парк во Крампсал.

Реагирајќи на нападот во синагогата, Стармер рече: „

Згрозен сум од нападот во синагогата Крампсал. Фактот дека ова се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, ја прави ситуацијата уште пострашна. Моите мисли се со најблиските на сите погодени, а мојата благодарност оди до службите за итни случаи и сите први реагирачи.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот