Пожар/илустрација/ Фото: МИА

Старец загина во пожар во куќа во село Конче

Седумдесет и осум годишниот В.В. вчера загинал во пожар кој избувнал во куќата во која живеел во село Конче.

Пожарот бил забележан од жителите на селото, кои успеале да го изгаснат, но не успеале да го спасат старецот кој бил неподвижен. Тој, според првичните сознанија на полицијата, најверојатно починал од задушување од чадот.

– Вчера во 16:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Конче, Радовишко, настанал пожар во куќата на П.В.(52), при што починал неговиот татко В.В.(78), информираше портпаролката на овој сектор, Александра Трајанова.

Увид на местото на пожарот извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, инспектор по пожари и екипа на ОВР Радовиш, а телото на загинатиот било предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!