
Стано: Ниту Косово, ниту премиерот Курти не одлучуваат дали ќе се укинат казнените мерки
Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека ниту Косово ниту косовскиот премиер Албин Курти не одлучуваат за укинување на казнените мерки на Европската унија, туку дека одлуката треба да ја донесат земјите-членки на Унијата, пренесуваат медиумите од регионот.
Косовскиот премиер Албин Курти побара на состаноците во рамките на Самитот на Берлинскиот процес да се укинат казнените мерки што ЕУ минатата година ги воведе кон Косово.
Препорачано
„Не одлучува Косово, ниту премиерот на Косово, дали мерките ќе бидат укинати или не, тоа е одлука што мора да ја донесат земјите-членки“, изјави Стано
Стано наведува дека за ова прашање се уште се разговара меѓу земјите-членки, а го спомена и извештајот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Џузепе Борело, во кој се препорачува да се отстранат овие мерки.
„На 3 јуни, високиот претставник издаде изјава во име на ЕУ, по што следеше извештајот на високиот претставник за усогласеноста на Косово со барањата на ЕУ. Продолжуваат дискусиите меѓу земјите-членки во Советот за укинување на мерките за Косово, рече Стано.
Инаку, Борел поднесе извештај до земјите членки на ЕУ за мерките воведени на Косово во јуни годинава, но одлуката се уште не е донесена.
Курти вчера во Берлин побара од германскиот канцелар Олаф Шолц Германија да поддржи укинување на мерките што ЕУ ги воведе на Косово. На средбата за време на Самитот на Берлинскиот процес тој повторно побара Косово да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.