Петер Стано / Фото: Dursun Aydemir / AFP / Profimedia

Стано: Неусогласеноста на Белград со политиката на ЕУ е „сериозен проблем“

Србија мора да „преземе итни мерки“ во борбата против дезинформациите од руските медиуми, изјави портпаролот на Европска Унија, Петер Стано по повод неодамнешниот извештај на Репортери без граници (РСФ), предупредувајќи дека неусогласеноста на Белград со политиката на Унијата во овој поглед е „сериозен проблем“ на патот кон евроинтеграциите, јави дописникот на МИА од Белград.

Во извештајот на почетокот на октомври невладината организација РСФ оцени дека Србија, одбивајќи да воведе санкции за руските медиуми, служи како „мегафон“ за руските дезинформации. Особено РТ (Russia today), според РСФ, ја користи белградската редакција за ширење дезинформации на Балканот во корист на Кремљ.

“ЕУ усвои санкции против руските јавни медиуми, вклучително и на РТ, чие емитување во и надвор од ЕУ е суспендирано, изјави Стано.

Тој додаде дека овие медиуми, вклучително и РТ во сите нејзини форми, станале инструмент на Кремљ во војната против Украина и „канал за ширење и манипулирање со информации“.

– Србија како земја-кандидат за членство во ЕУ мора да преземе итни мерки во борбата против манипулациите и мешањето на странски информации, рече Стано, кој додаде дека „неусогласеноста на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во овој поглед е сериозен проблем што влијае на пристапните преговори“.

Белград, кој е историски близок до Русија и зависи од Москва за испораките на гас, нема усвоено никакви санкции против Русија од февруари 2022 година, но ја осуди руската инвазија на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот