Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Српските граѓани во просек должат по 1.800 евра

Во просек, српските граѓани се повеќе се задолжуваат. Кога ќе ги погледнете статистичките податоци на Здружението на банки од крајот на минатата година, ќе дознаете дека сите ние на банките им должиме, повторно во просек, околу 1.800 евра, објави Политика рс.

За волја на вистината, треба малку да се „разделат“ статистичките податоци и да се види што се крие таму. Кредитната задолженост несомнено е поголема кога се мери во милијарди динари или евра, но не смее да се изгуби од вид дека овие податоци сега се споделуваат меѓу помал број жители на Србија.

Последниот и се уште актуелен попис покажа дека нè има половина милион помалку од пред десет години или околу 6,7 милиони. Граѓаните од банките се задолжиле за 1.426 милијарди динари или околу 12 милијарди евра. Разбирливо, задолженоста на стопанството е поголема и тие должат 1.847 милијарди динари, додека претприемачите должат 71 милијарда динари.

Вкупно, сите категории се во долгови од околу 3.350 милијарди динари, што е нешто повеќе од 28 милијарди евра. Предностите од ниските каматни стапки кои сè уште постоеја во првата половина од минатата година се гледаат и во растот на готовинските кредити. Тие лани беа одобрени за дури 38,8 милијарди динари, што е зголемување за помалку од 330 милиони евра.

Затоа граѓаните сега на банките им должат 664 милијарди динари по овој основ, а готовинските кредити имаат годишен раст од 6,2 отсто. Во вкупната маса на кредити тие се доминантни и учествуваат со 46,6 отсто. Ниту политиката на Народната банка за скратување на рокот за отплата на кредитот на шест години, што автоматски повлекува помала можност за задолжување во однос на заработката, не го намали нивното учество во вкупните кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот