фото: курир.рс/Немања Николиќ

Српски фудбал: Местото во првата лига се купува во пари

Фудбалската федерација на Србија (ФСС) е уникатна во поглед на организацијата на домашните натпреварувања донесувајќи неверојатна одлука.

Фудбалските лиги во Србија нема да се пополнуваат според пласманот на екипите во претходното првенство како што е пракса во целиот свет, туку местото ќе се пополнува – со пари.

Одборот за итни прашања при ФСС донесе одлука испразнетите места во лигите да се купат, поточно екипата која има највеќе пари, односно која ќе понуди највеќе пари, да го замени клубот кој се откажал од натпреварувањето.

Главниот услов е клубот да игра само еден ранг пониско од екипата која се откажала од натпреварувањето.

„ Понудата на клубот се поднесува во пишана форма и мора да го содржи износот на финансиски средства кои клубот е подготвен да ги плати за да се стекне со право да игра во конкурентна лига во која се појавиле едно или повеќе слободни места“,  стои во одлуката на ФСС објавена на 10 мај.

Очекувано, оваа чудна одлука предизвика жестока реакција од српскиот синдикат на фудбалери „Независност“.

Najveća sramota u istoriji srpskog fudbala. Ako se pojavi upražnjeno mesto u Super ili Prvoj ligi, to mesto će popuniti…

Publiée par Sindikat Profesionalnih Fudbalera Nezavisnost sur Lundi 11 mai 2020

– Најголем срам во историјата на српскиот фудбал! Ако се појави испразнето место во Суперлигата или Првата лига, место ќе се пополни со клуб кој ќе плати најмногу на сметката на ФСС. Исто е и за ниските лиги, со тоа што се плаќа на општинските сојузи. Срамно и понижувачки – изјави Мирко Поледица претседател на „Независност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот