Протест во Нови Сад поради трагедијата - Фотографија ЕПА, Андреј Чукиќ

Српската влада му го укинала имунитетот на Весиќ за му биде одреден притвор

Владата на Србија му го укинала имунитетот на министерот за градежништво во оставка Горан Весиќ, непосредно пред да му биде одреден притвор во врска со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Трагедијата и смртта на 15 луѓе поттикна масовни протести низ Србија против корупција.

Весиќ беше уапсен заедно со уште 11 осомничени лица во четвртокот, а во петокот му бил укинат имунитетот, а во саботата мубил одреден 30-дневен притвор, исто како и на поранешниот директор на инфраструктурата на Железници на Србија, Небојша Шурлан.

Вишиот суд во Нови Сад им одредил домашен притвор со електронски надзор на директорката во оставка Јелена Танасковиќ и на помошничката министер за железнички сообраќај Анита Димовски.

Тие се товарат за тешко дело против општата сигурност во врска со делото предизвикување општа опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот