Евра- Фото Слободен печат-Методи Здравев

Минималната плата во Србија се зголемува од 400 на 550 евра

Српската Влада ја усвои одлуката за зголемување на минималната цена на трудот од 1 јануари 2026 година на 371 динар по работен час, со што минималната месечна плата ќе изнесува 64.554 динари, односно 551 евро, пренесува Н1.

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната година, а се применува од 1 јануари следната година.
Во однос на минималната плата во 2024 година, која изнесуваше 404 евра, ова е зголемување од 36 проценти.

Во претходните денови, преговорите за зголемување на минималната цена на трудот ги водеа претставници на Владата на Србија и репрезентативните синдикати.

Предлогот на Владата беше „минималната плата“ од 1 јануари 2026 година да изнесува 550 евра, синдикатите побараа 600 евра, додека работодавачите се залагаа таа да не биде повисока од 500 евра.

На последниот состанок, одржан на 9 септември, не беше постигнат договор за процентот на зголемување, па Владата ја донесе конечната одлука два дена подоцна.

Новиот минимум е за 75 евра повисок од минималната потрошувачка кошничка пресметана за мај.

На почетокот на септември, Владата на Србија ги ограничи маржите на трговските синџири за околу 3.000 производи со цел да се ублажи влијанието на зголемувањето на цените, пред сè на храната, врз буџетот на домаќинствата на српските граѓани.

Дел од експертите оценуваат дека тој потег како маркетиншки трик, без значајни и долгорочни ефекти врз куповната моќ на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот