
Српската полиција тврди дека ги уапсила луѓето кои оставаа свински глави пред џамии во Париз
Главниот осомничен, кој е во бегство, според полицијата по налог на странска разузнавачка служба, ги организирал и обучил извршителите на серијата провокативни акции во Франција и Германија
Полицијата уапси 11 лица од областите Велика Плана и Белград под сомнение за сторени кривични дела здружување со цел извршување кривични дела, расна и друга дискриминација и шпионажа, објави денес српското Министерство за внатрешни работи,
Препорачано
Во соопштението се вели дека од април до септември 2025 година, во Париз, тие фрлале зелена боја врз „Музејот на холокаустот“, неколку синагоги и еврејски ресторан, лепеле налепници „со „геноцидна“ содржина“, поставувале свински глави во близина на исламски верски објекти и поставувале бетонски „скелети“ со пораки пред Бранденбуршката порта во Берлин.
Откако овој месец се случија нов бран верски провокации во Франција, тамошните власти соопштија дека има сомневања оти зад случајот стојат Срби кои се под инструкција на руските служби.
Министерството за внатрешни работи на Србија пишува дека нивната цел била да ги прекршат основните човекови права и слободи гарантирани со општоприфатените правила на меѓународното право и ратификуваните меѓународни договори на територијата на Франција и Германија врз основа на разлики во расата, бојата на кожата, верската припадност, националноста и етничкото потекло.
„Исто така, нивната цел била да шират идеи што заговараат и поттикнуваат омраза, дискриминација и насилство врз основа на разлики во личните карактеристики на одредени групи луѓе“, наведува Министерството.
Во соопштението се вели дека „постојат основи за сомневање дека М.Г., кој е во бегство, дејствувајќи по инструкции на странска разузнавачка служба, организирал и обучил група српски државјани на територијата на Србија – Д.М, Б.Ѓ, П.Ѓ, Н.Ќ, А.С, Д.М, Ф.П, А.Б, Ѓ.П, Н.Ж, С.П, Н.С, Н.Д. и А.М, а бил потпомогнат од К.С.“
Верска провокација во Франција: глави од свињи пронајдени пред париски џамии