
(Обновено) Српска антитерористичка полиција ликвидирала вахабиски лидер во Нови Пазар
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Рамовиќ при апсењето одбил да се предаде и испукал три или четири куршуми кон припадниците на МВР
Припадници на српската Специјална антитерористичка единица синоќа во Нови Пазар ликвидирале припадник на вахабиското движење при обид да го уапсат, пишуваат српски медиуми.
Препорачано
Вахабистот Сенад Рамовиќ бил во бегство од крајот на јуни, а бил баран поради напад пред Амбасадата на Израел во Белград, кога од самострел бил ранет припадник на Жандармеријата. Претходно бил осуден на 13 и пол години затвор поради пресметка со полицијата. По отслужувањето на казната важел за лидер на вахабиите во Санџак.
Безбедносната агенција БИА го лоцирала на непристапен терен во атарот на селото Хотково, каде што била испратена специјална единица да го уапси. Тој не се предал и отворил оган кон полицајците, кои возвратиле и го убиле.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Рамовиќ при апсењето одбил да се предаде и испукал три или четири куршуми кон припадниците на МВР. Дачиќ објасни дека Рамовиќ бил пронајден во куќа оддалечена неколку стотини метри од својата, кај зетот Алдин Бирчовиќ, кој моментално издржува затворска казна во Ниш.
Дачиќ потсети дека Рамовиќ во 2007 година е осуден на две години затвор за кривичното дело тероризам и дека одиграл клучна улога во радикализацијата на Жујовиќ, кој изврши терористички акт во Белград на 29 јуни.