Протест во Израел за ослободување на заложниците / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Средношколците во Израел го бојкотираат почетокот на учебната година, барајќи ослободување на заложниците

Ученици од десетици средни училишта во Израел штрајкуваа денес, на првиот ден од новата учебна година, барајќи да се постигне договор за ослободување на израелските заложници што ги држи палестинското милитантно движење Хамас.

Средношколците, како што објави „Тајмс оф Израел“, одбија да се вратат во училниците, со оглед на продолжувањето на конфликтот во Газа и одложувањето на преговорите за ослободување на заложниците.

Во Тел Авив во неделата, неколку десетици тинејџери демонстранти го блокираа сообраќајот и ги запалија училишните клупи, барајќи генерален штрајк пред почетокот на новата учебна година.

Полицијата уапси две лица, 17-годишно момче и 35-годишна жена, под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир.

Околу 20 лица беа приведени од полицијата на лице место, а подоцна беа ослободени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот