Средба Реџепи-Малинов/ Фото МИА.МК

Средба на Реџепи и Малинов за продлабочување на соработката на државните оператори за гас

Извршните директори на Национални енергетски ресурси (НЕР) АД Скопје Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз Владимир Малинов вчера на работна средба во Скопје дискутирале за можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас, соопштија од НЕР АД Скопје.

Оттаму истакнуваат дека дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори се изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александрополис.

-Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка и колку што е можно повеќе да ги минимизираме бариерите помеѓу нас, наведуваат од НЕР АД Скопје.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот