Фото: EPA/CJ GUNTHER CORBIS OUT

Србин ќе биде нов тренер на Торонто

Српскиот тренер Дарко Рајаковиќ ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Торонто Рапторс.

Рајаковиќ е роден во Чачак во 1978 година, а пред доаѓањето во Торонто беше помошник во Мемфис од 2020 година. Претходно како помошник во Оклахома Сити од 2014 до 2019 година, а една сезона помина и во Феникс.

Од преостанатиот дел од неговата кариера беше тренер во младите селекции на Борац од Чачак и Црвена Звезда, а прв клуб во Америка му беше Тулс од развојната лига.

Тој станува втор Србин на чело на една НБА екипа. Пред него тоа беше Игор Кокошков, кој го водеше Феникс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот