Протести Белград : Profimedia

Србија: Поднесена кривична за тероризам за инцидентот со звучниот топ

Граѓанските организации – Белградски центар за човекови права, Граѓански иницијативи, Комитетот на правници за човекови права – JУКОМ (YUCOM), Иницијатива A 11, ФемПлац и ЦРТА до Обвинителството за организиран криминал во Белград поднесоа кривична пријава против непознати лица заради сомнение дека на 15. март 2025 година извршиле кривично дело тероризам кога во текот на одбележувањето на 15-минутна тишина употребиле неидентификувано опасно средство со кое беше прекинат мирниот протест во Белград, објавија српските граѓански организации.

На конференцијата за медиуми одржана на 9. април овие организации ги посочија активностите кои ги презеле пред домашните и меѓународните институции со цел заштита на човековите права на граѓаните и граѓанките на Србија. Меѓу другото се имаат обратено и на Обединетите нации што довело до придвижување на специјални процедури, како и поднесување барање за привремена мерка пред Европскиот суд за човекови права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот