Фото: Министерство за внатрешни работи

Србија ќе испрати три хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија

Србија ќе испрати три хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија, изјави вчера српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Српските хеликоптери ќе пружат помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се  во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

– По одобрение на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи утре ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни ситуации во гаснењето на пожарот што од Северна Македонија се прошири до областа Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски – изјави Дачиќ, се наведува во соопштенеито до медиумите на МВР.

Во него се додава дека поради ширење на пожарот во источниот дел на Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ во земјава со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

Во акцијата за гаснење на пожарите во Северна Македонија, по одобрение од нивните колеги учествуваат 10 пожарникари спасувачи со три теренски возила, кои дејствуваат во атарот на селото Магленце, со што спречуваат понатамошното ширење на пожарот кон територијата на Србија.

– Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац – изјави министерот Дачиќ, се наведува во соопштението на српското МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот