СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА КАЈ НОВА ГОРИЦА: Се запалил автобус полн со патници кои биле навреме евакуирани

Автобус во кој се превезувале четириесет патници се запали и изгоре во близина на Нова Горица, пренесуваат регионалните медиуми.

Според информациите на локалната полиција, присебноста на возачот, кој кога увидел дека нешто не е во ред со автобусот веднаш застанал и ги отворил сите врати за да се евакуираат патниците, а тоа е и е главната причина што нема повредени и се спречила трагедија.

На местото на настанот набрзо пристигнале и пожарникари кои го изгласнале огнот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според првичната истрага, пожарот започнат во делот на автобусот каде што се наоѓа моторот, а причината за истиот е оштетена цевка за гориво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!