Израелски војници EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Според анкетите 66 проценти од Израелците сметаат дека е време да се заврши војната во Газа

Најновата анкета покажа дека 66 проценти од Израелците веруваат дека е дојдено време војната во Газа да заврши, додека 27 проценти веруваат, или се сигурни, дека тој момент сè уште не е дојден, а седум проценти од испитаниците не се сигурни за ова прашање, објавија денес израелските медиуми.

Процентот од 66 проценти е за 13 проценти повисок од резултатите од анкетата спроведена една година претходно, кога на испитаниците им беше поставено истото прашање, наведува „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека главната причина што ја наведуваат анкетираните Израелци за завршување на војната е тоа што животите на заложниците се во опасност.

Во анкетата спроведена од израелскиот Институт за демократија, 64 проценти од испитаниците веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху треба да ја преземе одговорноста за нападот на 7 октомври 2023 година и да поднесе оставка.

Од тој број, 45 проценти рекле дека треба да го стори тоа веднаш, додека 19 проценти рекле дека треба да поднесе оставка откако ќе заврши војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот