СПМ лого

СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека гласањето на 8 мај е историско, народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека како никогаш досега на македонскиот народ му е потребна сплотеност и единство како услов за опстојување и сочувување на македонската држава.

-Единствена организирана структура која има сила и моќ за промени во државата е Колацијата „Твоја Македонија“ и само таа може да обезбеди стабилност, просперитет и европски развој на Македонија.  Кандидатката за преседател Гордана Силјановска Давкова и предложените кадри за пратеници од Коалицијата се потврдени луѓе, сериозни, и цврсто патриотски определени за да ја направат Македонија силна и горда. Само тие може да се справат со проблемите што ги создадоа СДС и ДУИ, со криминалот и мафијата кои мора да бидат отстранети и казнети. Силата и вољата на народот ќе се оствари со реализација на Програмата 1198 на Коалицијата које е програма од народот и ги содржи сите негови барања кои сигурно ќе бидат реализирани, нагласува СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите граѓани на масовна излезност и поддршка за кандидатите на Коалицијата „Твоја Македoнија“ за поубава, праведна и горда држава за успех на сегашните и идните генерации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот