Лекови апчиња во аптека / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Список на лекови во Република Хрватска кои можат да предизвикаат суицидални мисли

Европската агенција за лекови (ЕМА) ги потврди суицидалните мисли како несакан ефект со непозната фреквенција за лекови што ја содржат активната супстанција финастерид во форма на таблети од 1 мг и 5 мг. Повеќето од пријавените случаи на суицидални идеи се појавиле кај луѓе кои користат финастерид во доза од 1 мг, индициран за третман на андрогена алопеција (опаѓање на косата поврзано со машки полови хормони).

Агенцијата заклучи дека суицидалните мисли треба да бидат вклучени меѓу очекуваните несакани ефекти од лековите што содржат финастерид, но во исто време наведе дека придобивките од употребата на лекови што содржат финастерид и дутастерид продолжуваат да ги надминуваат нивните ризици. Лековите што содржат финастерид во форма на таблети од 5 мг и дутастерид во форма на капсули од 0,5 мг се користат за лекување на бенигна хиперплазија на простатата, состојба во која волуменот на простатата е зголемен, што може да доведе до проблеми поврзани со протокот на урина. Иако не може да се најде поврзаност помеѓу суицидалните мисли и употребата на дутастерид, овој лек делува на ист начин како и финастеридот. Затоа, како превентивна мерка, информациите за промените во расположението забележани со финастерид ќе бидат додадени кон информациите за лековите што содржат дутастерид, предупредува Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот