Спасовски: Принципот на солидарноста за обнова на Скопје ни е водилка и за предизвикот од КОВИД-19

Во справувањето со оваа криза освен подадена рака, неопходна е поголема лична одговорност и почитување на здравствените препораки, односно носењето маска, држењето дистанца и редовното миење на рацете се штитиме себеси и останатите, напиша Спасовски.

Приципот на солидарност за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 останува да ни биде водила и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес кој, како што вели, е запишан како еден најтешките и најтажните денови во историјата на нашиот главен град, кога разорниот земјотрес ги зеде животите на над 1000 наши сограѓани и го остави зад себе Скопје во урнатини.

-Светот тогаш се обедини околу идејата за обнова на градот и со тоа Скопје во глобални размери стана многу повеќе од административен центар или место за живеење. Скопје стана град на солидарноста и со тоа симбол на една од темелните човечки вредности.Токму овој принцип на солидарност и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19 останува да ни биде водилка. Во справувањето со оваа криза освен подадена рака, неопходна е поголема лична одговорност и почитување на здравствените препораки, односно носењето маска, држењето дистанца и редовното миење на рацете се штитиме себеси и останатите, напиша Спасовски.

Скопје во својата долга историја, нагласува тој, никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани.

-Денес, 57 години потоа, ние се сеќаваме на жртвите на земјотресот, а на нас останува да му ги оддадеме достојното внимание и почит на градот, пишува во објавата на Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот