Спасовски: Целосно сме посветени на зголемување на безбедноста во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи е целосно посветено на зголемување на безбедноста во сообраќајот, а особено сме посветени и на превентивните кампањи, кои интензивно ги спроведуваме изминатите години, рече министерот Оливер Спасовски, во изјавата за медиумите по дефилето на велосипедисти и мотоциклисти во рамки на превентивната кампања „Јас внимавам и безбедно возам”, кое се одржа во Скопје, а завршниот дел беше пред спортскиот центар „Јане Сандански” во општината Аеродром.

Министерот Спасовски потенцираше дека МВР и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата имаат исклучително добра соработка и постојано организираат заеднички кампањски, едукативни, нормативни и други проекти во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Покрај тоа, особено во поглед на воспитно-образовното и стручно делување, имаме и силна поддршка и од нашите високообразовни институции, како што е поддршката од нашата најстара образовна институција од областа на безбедноста – Факултетот за безбедност при универзитетот “Свети Климент Охридски”, така што сум убеден дека се движиме кон посакуваните цели – а тоа е поголема граѓанска свест и одговорност пред се кон почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поквалитетна едукација и превенција и примарно – поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, рече Спасовски на дефилето на кое учествуваа преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти.

На настанот свои обраќања имаа и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска, како и Марија Ставрева од компанијата ОКТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот