Фото ЕПА

Советник на Трамп призна дека учествувал во затајување на данок

Еден од главните финансиски советници на Доналд Трамп призна дека им помагал на колегите од Организацијата Трамп, компанијата за недвижнини на поранешниот американски претседател, да избегнат даноци. Меѓу другото, вели, фалсификувал даночни пријави и криел имот од даночната управа.

Високиот потпретседател и контролор Џефри МекКони призна дека го прекршил законот за време на судењето за даночна измама на компанијата и рече дека поднел лажни даночни пријави во име на Доналд Трамп и неговиот син Ерик, извршен директор на компанијата.

МекКони, кој доби имунитет како сведок на обвинителството, исто така рече дека Трамп, неколку години пред да стане претседател, бил предупреден од сметководителот на компанијата за незаконската исплата на бонуси на менаџерите. Организацијата Трамп беше обвинета дека им помагала на врвните менаџери да избегнат даноци на приход.

Компанијата, која се соочува со повеќемилионска казна, ги негира овие обвинувања. Нивните адвокати тврдат дека сето тоа е дело на долгогодишниот директор за финансии Ален Вајселберг, за кој велат дека го смислил планот без знаење на Трамп и неговото семејство.

Вајселберг се изјасни за виновен за проневера на 1,7 милиони долари и се согласи да сведочи како сведок на обвинителството во замена за затворска казна од пет месеци.

МекКони, исто така, рече дека по изборите во 2016 година, Организацијата Трамп сменила некои практики за плати и финансиски аранжмани и донела адвокат од Вашингтон за да изврши даночна контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!