05 Јули 2022/фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Сопствениците на ПСЖ купија дел од акциите на Брага

Компанија која е во сопственост на газдата на ПСЖ, „Катар Спортс Инвестментс“ купува малцински удел во португалскиот гигант Брага.

Во Брага Ал Келаифи ќе се обиде да создаде нова фудбалска доминација и да направат проблеми на „големата тројка“, Порто, Бенфика и Спортинг.

Според информациите на „Беин Спортс“ компанијата откупила точно 21.67 отсто од акциите на Брага која во минатата сезона заврши како четвртопласирана во португалското првенство. Брага е вториот фудбалски клуб во Европа кој го купува оваа групација, која започна да работи по примерот на „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на неколку клубови меѓу кои Манчестер Сити.

Сумата која ја платиле за овој процент од акциите изнесувала 80 милиони евра. Она што е интересно е за оваа сума Ал Келаифи го купи ПСЖ во целост во пред 11 години. Ваквата ситуација е само доказ колку се променија финансиски работите во фудбалот во последните десетина година.

Нивната цел ќе биде на Брага да и ја донесат првата шампионска титула, со оглед на тоа дека овој клуб никогаш не успеал да стигне до титулата во првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!