фото: МИА , Наргес Мохамади

Сопругот на добитничката на Нобеловата награда за мир осудена на 31год. затвор: „Ова ќе го охрабри движењето на жените“

Сопругот на иранската активистка за правата на жените Наргес Мохамади, на која денеска ѝ беше доделена Нобеловата награда за мир, рече дека наградата дополнително ќе ја поттикне нејзината борба и ќе го охрабри движењето што го води.

„Оваа Нобелова награда ќе ја поттикне нејзината борба за човекови права, но уште поважно, тоа всушност е награда за женското движење, нивниот живот и слобода“, изјави сопругот на нобеловката, Таги Рамахи, кој живее во Париз.

Нобеловиот комитет одлучи претходно денеска да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на иранската активистка Наргес Мохамади.

Наградата, како што се наведува во образложението, ѝ е доделена на Наргес Мохамади за нејзината борба против репресијата над жените во Иран и борбата за промовирање на човековите права и слобода за сите.

Мохамади е една од водечките активисти за човекови права во Иран, кој се бори за правата на жените и за укинување на затворските казни. Таа во моментов издржува затворска казна во Техеран. Била затворена 13 пати, а пет пати осудена. Таа е осудена на вкупно 31 година затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!