Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Софтверот „Касперски лаб“ пред целосна забрана во САД
Администрацијата на претседателот на САД ќе забрани американските компании и граѓани да ги користат софтверските производи на руската „Касперски лаб“, соопшти синоќа „Си-ен-ен“ повикувајќи се на пет службеници запознати со ова.
Препорачано
Според нив, забраната е поврзана околу „обзир по националната безбедност“. Од Белата куќа сметаат дека руските власти можат да ги искористат податоците што ги има „Касперски“ за упад или следење на американските компании и граѓани. На тој начин би се намалил ризикот за критично важната инфраструктура на САД.
Се дознава дека наредбата е во фаза на доработка, но решението да се воведе забраната официјално треба да биде објавено во април.
Во 2017 година оваа антивирусна програма беше забраната од Министерството за внатрешна безбедност на САД, но забраната важеше само за сојузните органи на власта и поради сомневања дека компанијата има врска со руските специјални служби. Мерката не се однесуваше за приватните лица и компании.
Од „Касперски“ тогаш изјавија дека се разочарани од одлуката бидејќи американските власти не прикажале доказ дека компанијата има врски со руските специјални служби.
Во 2017 година околу 4 отсто од сите програми за заштита на крајните корисници во САД биле на „Касперски“. Продуктите на компанијата моментално се користат од 400 милиони луѓе и 240.000 компании низ целиот свет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
36мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5