Охрид./ Фото: Архива на Слободен печат

Со ребаланс на буџетот предвидени се 155 милиони денари за поддршка на туризмот

„Со ребалансот на буџетот за 2025 година ќе се обезбедат дополнителни 155 милиони денари за субвенции и поддршка на туризмот“, рече на прес-конференција министерот за култура, Зоран Љутков.

Како што кажа тој, со измената на Законот за игри на среќа што е во владина процедура, за развој на туризмот ќе се добиваат четири проценти од уплатените давачки за игри на среќа, а Агенцијата за филм ќе добива три отсто.

-Овие дополнителни средства претставуваат силен инпут за развојот на овие два силни сектора. Ова е нешто што го ветивме и пред да дојдеме на овие позиции и посебно сум среќен што за една година ги завршивме сите процедури, нагласи Љутков кој дава отчет за сработеното.

Откако најпрво се осврна на културата, Љутков информира и дека во делот на туризмот се реализираат низа активности за значително унапредување на секторот. Во напредна фаза е, рече, процесот за комплетно преземање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која за околу еден месец се очекува веќе да не постои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот