Германија/ фото: Pixabay

Со над 80 мерки, германската влада планира да ги намали трошоците за бирократија за 25 проценти до 2029 година

Германската влада усвои пакет реформи со кои има намера да започне фундаментална модернизација на државата и администрацијата. На крајот од дводневниот состанок во Берлин, федералниот кабинет ја одобри таканаречената „програма за модернизација“, која вклучува повеќе од 80 поединечни мерки, објави ДПА. Целта е да се намали административниот товар врз граѓаните и бизнисите и да се поедностават процесите.

Според германскиот канцелар Фридрих Мерц, програмата треба да ја врати земјата „на врвот“. Програмата е обврзувачка меѓуресорска мапа со јасни рокови за имплементација. Според Министерството за дигитализација, првите проекти ќе започнат веднаш. Владата ја потврди целта поставена во коалицискиот договор за намалување на трошоците за бирократија за 25 проценти, или околу 16 милијарди евра, до крајот на законодавниот период во 2029 година.

Исто така, се планира да се намали бројот на вработени во парламентарната администрација и во министерствата за најмалку осум проценти до истиот датум. Владата ја потврди целта поставена во коалицискиот договор за намалување на трошоците за бирократија за 25 проценти, или 16 милијарди евра, до крајот на законодавниот период во 2029 година. Декларираната цел е исто така да се намали „бројот на вработени во парламентарната администрација и администрациите на министерствата“ за „најмалку 8 проценти“ до 2029 година, пренесува БТА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот