Јаболка
Јаболка / Фото: Pexels/Josh Hild

Снегот и ниските температури ќе ги оштетат 90 отсто од јаболката во Преспа

Снегот што синоќа падна во Преспа и ниската утринска температура на воздухот целосно ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во Преспа.

Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа.

-Снегот што падна во текот на вчерашниот ден и ноќеска, како и утринските температури на воздухот кои деновиве ќе бидат под нулата ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во цела Преспа. Според првичните процени јаболката ќе бидат 90 насто уништени, а некаде и целосно, односно 100 отсто. Процените ќе ги вршиме откако ќе заврши овој студен бран кој за жал веќе предизвика катастрофа во Преспа – изјави за МИА Стефановски.

Во Преспа под јаболкови насади се над 3000 хектари, а од нив најмногу е застапена јаболковата сорта ајдарет но и други преспански јаболка.

-Годинешниот род од ајдарет кој е застапен со околу 60 отсто од вкупните јаболкови површини, потоа сортите муцо, златен делишес, црвен делишес, фуџи, чадел и останатите сорти јаболка со овој студен бран целосно ќе бидат уништени, а со тоа и јаболковиот род во Преспа, нагласи Стефановски, раководител на Р.Е. Ресен при АПРЗ-Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот