Министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич фото: EPA-EFE/GIL COHEN-MAGEN / POOL

Смотрич: Газа е врвна недвижност, веќе започнав преговори со САД

Религиозниот екстремист и крајно десничарски израелски министер за финансии, Безалел Смотрич, ја отфрли изјавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху од пред два дена дека Израел се соочува со растечка изолација и дека може да биде принуден да стане самодоволна економија со „автаристички карактеристики“ и еден вид „супер-Спарта“, објави „Тајмс оф Израел“.

-Не се согласувам со зборовите на премиерот и навистина не ми се допадна споредбата со Спарта, го цитираа хебрејските медиуми крајно десничарскиот министер на конференција за недвижнини во Тел Авив.

Коментарите на Нетанјаху предизвикаа жестоки критики од опозициските лидери и бизнисмени, по што следеше пад на вредноста на акциите на берзата во Тел Авив.

Нетанјаху вчера изјави дека има „целосна доверба“ во израелската економија и се обиде да разјасни дека неговите изјави од понеделникот биле насочени кон одбранбената индустрија, а не кон пошироката економија.

Освен што го критикуваше Нетанјаху, Смотрич, исто така, рече дека Газа е „врвна недвижност што се исплатува самата“ и дека тој „веќе започнал преговори со Американците“ во врска со реконструкцијата на крајбрежната област.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, постојано зборуваше за својата желба да го претвори Појасот Газа во „Ривиера“ контролирана од САД, како дел од планот што би охрабрил голем дел од палестинското население да замине по војната.

Плановите на Трамп беа отфрлени од Палестинците, арапските земји и поголемиот дел од меѓународната заедница.

Нетанјаху изјави дека Израел нема планови за повторно населување на Појасот Газа, но крајнодесничарските членови на неговата влада, вклучувајќи го и Смотрич, активно работат на промовирање на вакви планови, заклучува „Тајмс оф Израел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот