зелка
pixabay

Сме продале пролетна зелка за 32 милиони евра, објави министерот Трипуновски

„Изминативе месеци посветивме сериозно внимание, на иста маса разговаравме со откупувачите и земјоделците за пласманот на зелката од оваа реколта и постигнавме одличен резултат“, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање за пласманот на зелката.

„Одличниот резултат го постигнавме поради тоа што заеднички покажавме дека кога ќе се постигне договор и тој ќе се почитува, македонскиот земјоделец може да добие вистинска цена како што доликува“, рече министерот.

Трипуновски посочи дека досега, согласно податоците со коишто располага Министерството, девизниот прилив кај македонските градинари кои произведуваат пролетна зелка се движи околу 32 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот