фото МИА

Служба за безбедност на Украина уапсила тројца руски воени шпиони

Службата за безбедност на Украина (СБУ) денеска соопшти дека нејзината контраразузнавачка служба уапсила тројца руски воени разузнавачи, кои помагале во спроведувањето на информациско-психолошките специјални операции против Украина.

Според соопштението, руски агенти се приведени во Киев, Днепар и Хмелницки, пренесе Укринформ.

Контраразузнавачките служби на Украина утврдија учество во руската специјална информативна операција „Украина исчезна“, која ја водела руската воена разузнавачка служба (ГРУ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот