
Случувањето што го промени животот на Лиам Нисон: Тагата за починатата сопруга ја лечел со алкохолот, а по истите стапки тргнал и неговиот син!
Ниту денес, после толку години од трагичната несреќа на скијање која беше смртоносна за актерката Наташа Ричардсон, нејзиниот сопруг, славниот актер Лиам Нисон, не се опорави од фактот дека повеќе ја нема.
Препорачано
„Никогаш не се помирив со нејзината смрт, ниту пак некогаш ќе се помирам. Се уште, во некои моменти, кога ќе слушнам дека се отвара вратата, убеден сум дека сега ќе влезе и ќе ми каже нешто“, изјави пред 3 години Нисон во емисијата „60 minutes“, присетувајќи се на смртта на неговата сакана сопруга.
Нивната љубовна приказна беше како филмско сценарио на еден од најромантичните филмови. Лиам Нисон и Наташа Ричардсон се запознале во 1993 година на Бродвеј, каде и двајцата играле во новата верзија на „Anna Christie“. Хемијата помеѓу нив не можела да се сокрие ниту на сцената, но не било се толку идилично.
„Работата со него, тоа што се случуваше помеѓу нас, но и натписите во медиумите за нашата хемија не допринесуваа многу на тогашниот брак, кој во тоа време се распаѓаше. Сето тоа е лош тајминг. Што можам да речам во своја одбрана? Очигледно многу се заљубив“, кажала во една прилика Наташа.
Тогаш таа се уште беше во брак со Роберт Фокс, но не можеше да одолее на шармот на Лиам Нисон. Набргу по завршувањето со работата на претставата, Несон замина во Полска, каде што го снимаше „Schindler’s List“. Ноќтта пред нејзиниот 30-ти роденден тој ѝ пратил порака во која се пошегувал: „Ме стигнуваш. Многу љубов, Оскар“. Инаку, Оскар е неговата улога во „Schindler’s List“, а пораката „ме стигнуваш“ алудирала на тоа дека го стигнува во години, бидејќи тој бил 11 години постар од неа. Таа порака не ја импресионирала, па му одговорила: „Дали пораката ми ја прати пријател или…? Каков е статусот на нашата врска?“. Таа го освоила со својата директност, а дури подоцна признал:
„Од тој момент знаев дека ја сакам. Си помислив – ова е нешто правилно и вистинско и морам да го чувам“.
Наташа после купила авионска карта и одлетала во Полска, а во јули 1994 година тие се венчале. Песната која ја одбележала нивната венчавка била „Crazy Love“ од Ван Морисон, која Наташа му ја отпеала на Лиам.
„Позади мој грб одеше на часови по пеење. Под шаторот, после церемонијата, а пред да заминеме на забавата, таа го зема микрофонот и почна да ми пее“.
Во среќен брак беа 17 години, за кое време ги добија синовите Мајкл и Даниел, а потоа стигна 2009 година и семејството замина на одмор во Квебек, каде уживаше во снежните радости. Наташа не знаела да скија, па ангажирала инструктор и со него започнала да ги учи основите. Во еден момент на стазата за почетници, паднала и удрила со главата во земја. Бидејќи не носела заштитна кацига, ударот на левата страна од главата бил пресилен и предизвикал пукнување на крвни садови во мозокот, што на крајот се покажало како фатална повреда. Лиам Нисон се стрчал кон својата повредена сопруга, која во тој момент била се уште будна и му рекла: „Среќо, паднав на снегот“.
Иако веднаш била префрлена во болница, повредите биле пресилни. Славната актерка паднала во кома, а докторите му рекле на Нисон дека ниту некакво чудо нема да може да ја спаси, бидејќи нејзиниот мозок е мртов. Свесен за целата ситуација, дошол до нејзиниот болнички кревет, ја земал нејзината рака и започнал нежно да и зборува велејќи ѝ дека ја сака:
„Љубов моја, за жал веќе нема да се разбудиш. Ударот во главата беше пресилен. Не знам дали можеш да ме слушнеш, но имам потреба сето ова да ти го кажам. Се враќаш во Њујорк и ќе дојдат сите твои пријатели и семејство“.
Дури подоцна актерот открил дека тој и Наташа имале договор да, доколку еден од нив заврши во кома и вегетира, другиот ќе биде доволно силен да ги угаси сите апарати за одржување во живот. Лиам Нисон го одржал ветувањето. Апаратите ги исклучиле, а нејзиното срце, бубрези и црн дроб биле донирани на други луѓе. Тажно е тоа дека Лиам скоро идентичното сценарио од својот живот го одглумил неколку години порано во 2003 година во филмот „Love Actually“. Исто и таму неговиот лик Даниел, ја изгубил сопругата и сликовито е опишана неговата борба после загубата, како и одгледувањето на синот.
Тагата поради загубата на својата сакана сопруга и понатака била присутна, но актерот морал да се потруди околу синовите, особено постариот син Мајкл, кого смртта на мајка му го одвела во депресија, но и зависност. Во 2014 година тој завршил на рехабилитација, откако што го допрел дното и токму тоа му помогнало да тргне на вистинскиот пат. Но, ниту самиот Нисон не можел да се помири со нејзината смрт, а утехата ја пронашол во алкохолот. Како што открил во 2014 година за магазинот GQ, со тоа престанал во 2013 година.
„Започнав да пијам премногу, а сето тоа започна со нејзината смрт. Пиев по еден пинот ноар, никогаш не ме интересирале жестоките пијачки. Но, потоа откако започнав да добивам се повеќе улоги, сфатив дека тоа не ми треба.