Фото: sud.mk

Случајот „27 април“ со ново рочиште во Кривичен суд

Судењето за организаторите на настаните пред и во Собранието на 27 април во 2017 година денеска ќе има ново рочиште во Кривичниот суд Скопје. На претходното рочиште за овој предмет кој е во доказна постапка сведочеше поранешниот републички јавен обвинител Марко Зверлевки, по предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Според обвинителниот акт за овој предмет, тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!