Стоматолог илустрација / Фото Архива на СП

Словенечките пратеници со апел до стоматолозите за реална наплата на услугите

Членовите на здравствената комисија на Словенија, одлучија да му предложат на Институтот за здравствено осигурување на Словенија (ЗЗЗС) да изнајде решение со кое цената на стоматолошките услуги ќе се базира на реални пресметки и да се земат предвид пропишаните професионални стандарди за работа и проверените материјали. Пратеничката Ива Димиќ на почетокот истакна дека стоматологијата е важен дел од јавното здравство, до кое секој треба да има пристап.

Таа потсети на неодамнешното писмо од словенечките стоматолози, кои укажуваат на неодржливата цена на белите пломби, утврдени од ЗЗЗС и која стапи на сила на 1 јануари годинава. Сметаат дека цените не се базираат на реалните трошоци, цените на материјалите и работните стандарди на стоматолозите во јавната мрежа. Во одлуката, исто така, беше наведено дека ЗЗЗС ќе обезбеди решенија за да се осигура дека стоматолошките услуги во рамките на јавниот здравствен систем остануваат достапни и квалитетни за сите осигуреници. За решенијата ЗЗЗС ќе треба да поднесе извештај до Народното собрание во рок од еден месец, пишува Н1 Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот