Фото: Архива

Словенечки мисиркини филети повлечени поради присуство на салмонела

Компанијата „Пивка перутнинарство“ повлече од продажба филети од мисирка, вакуумски спакувани, во пакувања од еден до три килограми, произведени од „Кунинг“. Причина за отповикувањето е откривањето на салмонела при една од проверките на квалитетот, објави „Пивка“.

Серискиот број на производот е лот 24/219, EAН кодот на артиклот е 2638263008358, а рокот на траење е 30 јули. Компанијата бара од клиентите да не го користат производот поради можна салмонела или ентеридис.

Храната треба да се фрли или да се врати од каде што е купена, каде што ќе им бидат вратени парите или ќе им биде издадена фискална сметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот