„Слободен печат“: Насилството во Собранието не може да ја турне Владата

Утрешниот весник „Слободен печат“, меѓу другото, донесува:

Хроника

Премиерот Димитар Ковачевски одговори на пратеничко прашање: Мене ми припадна честа да го бранам македонскиот идентитет пред светот!

– Сите граѓани се борат за својот идентитет, а на еден му припаѓа честа да го брани пред другите. Мене ми припадна честа да застанам и да го кажам тоа што го мислиме – нагласи премиерот Димитар Ковачевски.

 

Спикерот и министерката за култура ги бранат Адеми и Азири: Насилството во Собранието не може да ја турне Владата

– СДСМ и ДУИ не оправдуваат насилство, но во исто време ги оправдуваат сопартијците и коалициските партнери. Претседателот на Собранието Талат Џафери најде оправдување за дивеењето на претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми во провокацијата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Дрвокрадство

Енергетската криза ја зголеми побарувачката: Од исечените дрвја се гледа крајот на шумата

Активисти од еко-здружението „Натура лаб“ алармираат дека на планината Јабланица се случува масакр на шумите и никој не презема ништо. Локалните жители се жалат дека секојдневно се сечат дрвја, планината се соголува, стравуваат од евентуални свлечишта, но и од секнување на изворите со вода

 

Економија

Истекоа трите месеци за дополнителна помош: Пензионерите лути што им се скина илјадарката

Со септемвриската пензија ќе има нов раст на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите – 50 проценти со раст на трошоците за живот и 50 проценти со раст на просечната плата. Но, како да се премости овој период?

 

Скопје

Пресадувањето дрвја оди многу тешко, најчесто пречат подземните инсталации

– Дополнителни тешкотии кога станува збор за пресадувањето на дрвја во градска средина може да предизвика и големината на самата машина која е прегломазна за урбана средина.

 

Свет

Историски самит во Мадрид: Турција ја повлече блокадата, Шведска и Финска во НАТО

Алијансата со обновен концепт, нови членки, збиени строеви и зацврстено единство

 

Спорт

Медитерански игри – Борачот Нуров блесна со златен сјај, најавува олимписки медал

 

 Утре и богата Трибина, со редовните колумнисти Мирослав Грчев, Марин Гавриловски, Александар Литовски, Бошко Јакшиќ….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!