
„Слободен печат“: Францускиот предлог во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли, малите партии го условуваат
Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хроника
Премиерот бара поддршка за модифицираната верзија: Францускиот предлог во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли, малите партии го условуваат
Очекувањата се дека Владата на денешната седница ќе донесе одлука информацијата за модифицираниот француски предлог да ја достави до Собранието, по што до крајот на неделава ќе биде закажана пленарна седница, на која пратениците ќе треба да расправаат по информацијата и да донесат заклучоци.
Експертската јавност скептична кон понудениот преговарачки пакет: Со одбивање на францускиот, да се избориме за подобар предлог
– Протоколот, кој сè уште не е достапен за јавноста, останува дел од преговарачката рамка. Историските теми остануваат на маса, а мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања добива многу поголем притисок за резултати – аргументираат експертите.
Реакции за францускиот предлог: Брисел го поздравува предлогот, САД дијалогот, Бугарија ликува
-Ревидираниот француски предлог овозможува почеток на преговорите со ЕУ – смета Европската комисија. Благодарение на работата на француското претседателство, кое ја заврши својата мисија минатата недела, направивме голем напредок по ова прашање, изјави портпаролка на ЕК.
Економија
Крешник Бектеши, министер за економија: Блок-тарифите се солидаризирање со најранливите домаќинства
– Не може да бидат субвенционирани домаќинства со приходи од 2.000 до 10.000 евра месечно, а некои со приходи не поголеми од 600 евра да не бидат субвенционирани, вели Бектеши
Свет
Првични детали од истрагата од Данска: Масакрот во трговскиот центар во Копенхаген не е терористички акт
– Млад Данец вооружен со пушка смртно ранил момче и девојка на возраст од по 17 години, како и 47-годишна државјанка на Русија, која живеела во Данска
Спорт
Медитерански игри: Бронза за Георгиевски, рекорди за Ивановски и Стојановски
– Теквондистот Дејан Георгиевски стигна до бронзата во Оран, Алжир, а во полуфиналето не настапи поради стомачен вирус. Атлетичарот Дарио Ивановски го собори македонскиот рекорд на 5.000 метри, а пливачот Андреј Стојановски постави национален рекорд во дисциплината 50 метри, грбно
Здравје
Мелено месо, грав, сладолед… внимавајте ова лето од труење со храна
– Најчести труења со храна се поради контаминација со норовирус, потоа со бактериите, меѓу кои се истакнува салмонелата како најчеста бактериска причина за труење со храна
Moзаик
Еклектично шоу на американскиот бенд во Скопје: „Тивери корпорејшн“ ја однесе публиката во апсолутна еуфорија
– Илјадници обожаватели беа воодушевени од вистински звучниот и танцов спектакл на моќната повеќечлена постава на бендот.
Средба со Катерина Василеска, готвачка на „храна со име и презиме“: Не се прави туризам со сезонци, без кустоси и без автентична локална храна
– Во екот на корона-кризата, Кате останала без работа и за да „закрпи“ месец за месец, ги засукала ракавите и почнала да готви домашни македонски производи, од ајвар до различни слатка и зимници. Ама не какви било. Тоа се автентични производи од нејзиното поднебје од кои, вели, се вади аргатска дневница од илјада денари. Но, ако се изгориш, пресечеш, отиде трудот…