Луѓе народ попис / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Скопскиот регион со најголемо учество во БДП на државата

Скопскиот регион со 44.9 проценти имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10.0 отсто, Југозападниот со 8.8, Југоисточниот со 8.7, Источниот со 8.0, Полошкиот со 7.5, Вадарскиот со 7.3, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4.8 проценти.

Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен производ по жител, за 25.7 отсто повисок од просекот на државата. Над државниот просек за 8.0 проценти е само уште Југоисточниот регион.

Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!