Фото: Приватна архива

Скопје и сѐ е можно: Клупа со поглед во контејнери

Дали локалните власти размислуваат малку кога поставуваат урбана опрема или клупите се поставуваат колку да се „бројат“ дека ги има и да се прикаже дека е реализиран некој општински зацртан план? Ова е дилема која го мачи секој граѓанин гледајќи најразновидни нефункционални и непромислени решенија низ градов.

За едно таква „романтична“ клупа поставена среде парче зеленило под расцветано дрво во Капиштец информираа наши читатели. Единствената мана на ова урбано парче опрема е, како што велат, што клупата гледа право во контејнери, па си стои таму осамена затоа што никој не седнува на два метра од садовите за отпад, кои во моментот на фотографирање биле тазе испразнети, што не е случај подоцна во текот на денот.

Па така, екипите на Општина Центар доколу сакаат можат и да си ја исправат грешката па наместо на оваа несреќно избрана локација, клупата да ја преместат на посоодветно место каде што би била во функција, затоа што контејнерите секако нема да се преместуваат. Оти не е работата само да се рече – ете ви уредивме, ви ставивме клупа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот