Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук

Скопјанец удрил со автомобил двојно постара жена во Чаир, тешко е повредена

Вчера попладне, 38-годишен скопјанец удрил во жена-пешак на возраст од 76 години во населбата Чаир, по што жената е итно префрлена во болница со тешки повреди, соопшти МВР.

„На 03.09.2025 во 14:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружен тек од ул.„Адем Демачи“ и ул.„Лазо Трповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(38) удрило во 76-годишната Г.Б., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!