Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Скандал во германскиот парламент: Откриена свастика на тајно гласање во Баден-Вуртемберг
За време на тајно гласање во покраинскиот парламент на германската сојузна покраина Баден-Вуртемберг, бил откриен нацистички симбол – свастика, што предизвика шок и остри реакции меѓу пратениците. Инцидентот се случил за време на изборот на членови за Оберинрат – меѓурегионален совет на германски, француски и швајцарски политички претставници, јавува магазинот „Феникс“.
Препорачано
Претседателката на парламентот, Мухтерем Арас од Зелените, го нарече инцидентот „срам за парламентот“ и потсети дека користењето на такви симболи претставува кривично дело според германскиот Устав.
Засега не е познато кој го нацртал симболот, бидејќи гласањето било тајно.
Десничарската партија АфД, која имаше свои кандидати на ливчето, веднаш се дистанцираше од инцидентот. Нивниот пратеник Мигел Клаус ја обвини Арас дека „сугестивно имплицирала“ поврзаност на партијата со настанот.
Од друга страна, СПД реагираше со повик за политичка одговорност. „Кој и да стои зад ова, не заслужува да биде дел од овој парламент“, изјави пратеникот Саша Биндер, нарекувајќи го чинот „апсолутно одвратен“.
Истрагата продолжува, но поради природата на тајното гласање, идентитетот на сторителот засега останува непознат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
28мин
-
32мин
-
38мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5