Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Скандал со лажни дипломи ја тресе шпанската политика – „паѓаат“ министри
Сè повеќе шпански политичари се под притисок да расчистат со контроверзии околу академските квалификации, откако тројца владини функционери поднесоа оставки поради фалсификувани дипломи, пренесува АФП.
Препорачано
Скандалот започна со Ноелија Нуњез, членка на конзервативната Народна партија (ПП), која пријавила двојна диплома по право и јавна администрација, како и диплома по англиска филологија – за кои подоцна беше откриено дека се лажни. По оставката, ПП побара внатрешна проверка на академските биографии на своите членови.
Сличен случај е и со Хозе Марија Анхел Батаља од Социјалистичката партија, кој тврдел дека има диплома од Универзитетот во Валенсија, иако програмата не постоела кога тој наводно дипломирал. Игнасио Хереро од партијата Вокс, исто така, поднесе оставка поради лажна диплома од непостоечка програма на универзитет во Виена.
Иако законот не бара политичарите да имаат високо образование, јавноста очекува транспарентност и чесност, особено кога академските титули се користат за градење авторитет и политичка доверба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
37мин
-
45мин
-
53мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5