Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Систем за навигација насочи швајцарски турист во фавела во Рио – сега се бори за живот
„Инцидентот се случил во зона во која доминираат криминалците. Туристите треба да го избегнуваат тоа подрачје“, рече портпаролот на воената полиција.
Швајцарски турист во Рио де Жанеиро е ранет од огнено оружје и сега се наоѓа во критична состојба, откако поради грешка на неговиот систем за навигација залутал во една градска фавела, пренесува „Б92“.
Препорачано
Полицијата соопшти дека спасила двајца швајцарски туристи повредени во грабеж. Еден од нив, Мишел Анжело Гаје, е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба, се наведува во соопштението на државната болница, а пренесува „АП“.
Според локалните медиуми, 73-годишниот Гаје заедно со сопругата Миранда Регацони (65) возел низ градот, кога нивниот систем за навигација ги насочил кон фавелата Сидаде Алта. Регацони, која заработила исекотини на раката, ѝ рекла да полицијата дека биле нападнати.
– Инцидентот се случил во зона во која доминираат криминалците. Туристите треба да го избегнуваат тоа подрачје – рече портпаролот на воената полиција за „АП“. Додаде дека полицијата ја пребарува фавелата, трагајќи по одговорните за нападот.
Партнерите од Швајцарија биле на пат кон колонијалниот град Парати, јужно од Рио.
За време на 2015 година, бразилски партнери го следеле својот систем за навигација до една фавела, а во тој случај загина 70-годишна жена откако била застрелана со огнено оружје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
27мин
-
57мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5