EPA-EFE/MOHAMMED AL RIFAI

Сириски лекари под притисок лажно сведочеле за хемиско оружје во Сирија

Двајца сириски доктори и медицинска сестра изјавиле дека владата на Башар ал-Асад ги принудила да дадат лажно сведочење на меѓународните истражители по смртоносниот напад со хлор во 2018 година, објавија дел од медиумите.

Медицинските работници кои ги лекувале жртвите од нападот во интервју за АФП изјавиле дека биле испрашувани од безбедносните служби, пренесе Бета.

– Ми рекоа дека знаат каде да го најдат моето семејство, изјави ортопедскиот хирург Мохамед Ал Хана.

Лекарот во итна помош Хасан Ојун рече дека припадници на службата за безбедност дошле кај него за да извршат притисок вперувајќи пиштол во него.

Мувафак Нисрин, кој во тоа време бил возач на брза помош и болничар, рече дека му било наложено да каже дека немало хемиски напад.

– Бев под притисок бидејќи моето семејство живее во Дума, како и повеќето семејства на медицинскиот персонал, рече тој.

Во извештајот од јануари 2023 година, Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) го обвини Дамаск дека извршил напад со хлор во кој загинаа 43 лица.

Според неговите истражители, имало разумни основи да се „верува дека барем еден хеликоптер на сириските воздухопловни сили исфрлил две буриња отровен гас врз градот Дума“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!